ВИДЕО: Џенифер Лопез објави снимка без шминка за да докаже дека не користи ботокс, обожавателите се скептични

Актерката и пејачка Џенифер Лопез неодамна на социјалните мрежи ја откри тајната на нејзината младешка кожа, но како да не успеа да ги убеди своите обожаватели и следбеници дека не користи ботокс. 

Откако на својот инстаграм-профил покажа како го одржува младешкиот изглед на кожата на лицето, 51-годишната Лопез, се најде на мета на критики дека не треба да лаже доколку посегнала по ботокс. По што, пејачката веднаш реагираше на овие обвинувања.

Може ли само да напоменам дека веѓите и челото не ти се помрднуваа цело време додека зборуваше. Ти дефинитивно користиш ботокс. И тоа многу. Што е во ред…“, напиша еден нејзин обожавател.

Иако не одговара на коментари, кои понекогаш можат да бидат ужасни, сепак овојпат реши да ги демантира обвинувањата.

„Тоа е моето лице. По милионити пат, никогаш не сум користела ботокс, ниту какви било инекции или естетка хирургија“,напиша Џенифер, тврдејќи дека користи маска за лице од нејзината копанија  чија „тајна“ состојка е маслиновото масло. Латино дивата му откри и друга тајна за убавина на лицето што го напиша коментарот, односно порача „да се фокусираме на позитивната енергија и да бидеме љубезни кон другите, наместо да се фокусираме на тоа да ги правиме да се чувствуваат лошо, за да бидеме што поубави и младолики“. Коментарот го заврши со „Ти испраќам љубов“.

Иако во последно време таа честопати споделува информации за нејзините рутини за убавина, сепак, со последната нејзина објава наиде на жестоки критики.

Во последните три години работевме на нашите производи и сега конечно сме задоволни. Мислам дека го полудев мојот тим зашто не сакав да го ставам своето име на нешто што не е како што сум го замислила“, изјави таа.

Пејачката вели дека нејзиното семејство има дел од заслугите за производите на „JLO Beauty“.

Главната состојка и темел на колекцијата е тајна од мајка ми и тетка ми, а тоа е маслиновото масло. Тоа е природна тајна состојка што не ја користиме доволно. Тие го користеа за својата кожа, тело, лице и коса за да постигнат сјај и влажност“, изјави Лопез.

Instagram
Instagram

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот