ВИДЕО: Џенифер Лопез ја избриша шминката пред своите обожаватели

Instagram

Џенифер Лопез ја започна новата година на многу искрен начин. Пејачката во саботата сподели видео на својот инстаграм – профил и ги воодушеви своите обожаватели.

Таа во видеото го сподели режимот за нега на кожата промовирајќи го својот бренд „JLo Beauty“.

Со свежо лице во 2021 година по вчерашниот настан „#WASHAWAY2020“. Не можам да поверувам дека „@jlobeauty“ е достапен… Поминаа години и конечно е тука. Поминавме стотици тестирања на производите и фомулации за да се осигуриме дека создадовме совршени производи за да го добиете тој сјај!!! Јас сум многу горда на она што го смисливме и знам дека ќе го обожавате… Ова е само почеток“, напиша Лопез.

Instagram
Instagram

Облечена во сјајна свилена наметка, Лопез се појавува пред камерата со перфектна шминка која подоцна храбро ја избриша, покажувајќи го свежото лице. Таа објасни дека шминката што ја носи на сцена е повеќеслојна и навистина тешка.

Тоа е многу шминка, многу шминка и јас сум подготвена да ја избришам“, вели Џенифер.

Таа почна да ја отстранува шминката од нејзиното лице и покажа каква е разликата.

 

Само што ја извадив шминката. Немам шминка на лицето… го ставам серумот. Сега имам посјајна кожа отколку кога имав шминка. И, ова е мојата мисија со „JLo Beauty“ да направам да се чувствувате убаво во вашата кожа. Кога сте сами. Не кога треба да ставате филери и филтри и сите овие работи што ги правиме на социјалните мрежи за да се чувствуваме убаво. Ова е местото каде што сакате да се чувствувате најубаво“, вели таа.

Очигледно Лопез изминатава година работела напорно и посветила големо внимание на својот бренд донесувајќи добри вибрации во новата година.

Мојата мантра за оваа година е да продолжите да сонувате. Нашата иднина е светла! 2021 ќе донесе бесконечни можности за сите нас да ги направиме своите соништа реалност“, објави таа во петокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот