9.2 C
Скопје

ВИДЕО: Џејмс со луда тројки го сруши Реал, пораз на Црвена звезда во Евролигата

Во дербито на колото во Евролигата, ЦСКА Москва го совлада Реал Мадрид со 74:73 во неизвесна завршница.

Јунак на „армејците“ е Мајк Џејмс кој на две секунди до крајот погоди неверојатна тројка од самиот ќош на теренот за водство на неговиот тим од 73:71, а потоа го реализира и дополнителното слободно фрлање со кое ја обезбеди победата. Во последната секунда Реал Мадрид успеа само да го ублажи поразот.

Токму Мајк Џејмс со 28 поени беше најпрецизен во рускиот тим, додека Шенгелија постина 15 поени, а кај Реал Мадрид, Томпкинс даде 15, а Дек 14 поени.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Барса знае да победува и без Меси

Вториот руски тим во Евролигата, Зенит продолжува со одличните игри и како гостин со 75:83 го совлада Жалгирис. Кошаркарите на Зенит работата ја завршија во првото полувреме кога дојдоа до предност од 14 поени, за разликата во третата четвртина да изнесува дури 25 поени по што стана јасно кој ќе биде победникот. До крајот, кошаркарите на Жалгирис само го намалија резултатот. Холинс со 20 поени беше најпрецизен во тимот на Зенит кој има скор од шест победи и само два порази, додека кај Жалгирис најрасположен за игра беше Григонис со 18 поени.


Црвена звезда во Белград е поразена од Анадолу Ефес со 65:74. Во првата четвртина подобри заврши нерешено 16:16, за на стартот од втората четвртина, турскиот тим со серија од 19:4 да дојде до предност од 14 поени (21:35). До крајот на полувремето домашните кошаркари успеаја да се приближат на минус четири но немаа сили за пресврт и потфрлија во третата четвртина која ја загубија со 14:27, а со тоа и ги загубија шансите за триумф.
Шејн Ларкин со 18 поени го предводеше Анадолу Ефес, а Моерман постигна 17, додека кај Црвена звезда Волден уфрли 14 поени.

Прочитајте и...  Неверојатен рекорд за Лазаров на последниот настап на Мундијалот -500 гола на СП и ЕП

Вистински трилер натпревар одиграа Макаби Тел Авив и Олимпија Милано, а победникот беше одлучен во дополнителните пет минути. На крајот славеше Милано со 85:86.


Во текот на целиот натпревар беше неизвесно, најголемата предност на Макаби изнесуваше шест поени (31:25), додека за гостите 13 поени (35:48) на стартот од третата четвртина. Сепак, во регуларните 40 минути натпреварот заврши без победник, а во продолжението Серхи Родригез погоди тројка за предност на Милано од 83:84 на 30 секунди до крајот, но клучните поени ги постигна Дилејни на три секунди до крајот. Пантер со 18 поени беше најпрецизен кај Милано, додека Волбекин и Брајант постигнаа по 17 поени за Макаби.

Прочитајте и...  Наближува годишнината од смртта на Коби, дали легендарниот кошаркар е веќе заборавен од својот клуб?

Резултати:
ЦСКА Москва – Реал Мадрид 74:73
Црвена звезда – Анадолу Ефес 65:74
Жалтигис – Зенит 75:83
Алба – Химки 100:80
Олимпијакос – Басконија 76:90
Макаби Тел Авив – Милано 85:86

Поврзани вести

Моќни зборови на поддршка по авионската несреќа во Бразил: Ние знаеме како ви е, нема да бидете сами

Слободен печат

Ѓоргоноски: Кузмановски треба да биде идниот лидер на репрезентацијата по повлекувањето на Кире 

Слободен печат

ВИДЕО: Барса знае да победува и без Меси

Зоран Спасоски

Неверојатен рекорд за Лазаров на последниот настап на Мундијалот -500 гола на СП и ЕП

Слободен печат

ВИДЕО: Триумф за Пандев и Џенова, Наполи даде експресен гол па прими три од Верона

Слободен печат

Ракометарите со пораз го завршија настапот на Мундијалот во Египет

Слободен печат

Остави Коментар