ВИДЕО: Џеј Ло се расплака по прогласувањето на Џо Бајден за нов претседател на САД!

Фото: Instagram

Џо Бајден победи на изборите во САД и со тоа ќе стане 46. претседател на Соединетите Американски Држави. Воодушевена од победата беше и Џенифер Лопез.

Поп дивата се јави од својот дом и се расплака.

„Утрово сум многу среќна. Звуците на сите што велат дека одиме кон подобри денови и дека имаме пообединета земја одекнуваат“, изјави пејачката и продолжи:

„Плачам. Солзи радосници. Се надевам дека сите можеме заедно да се сакаме и цениме. Тоа е нов ден. И се надевам дека е време да ги залечиме длабоките рани и да се обединиме. Ние сме САД, најголемата земја на оваа планета. Историјата е создадена за сите мали девојчиња … Прекрасно е, убав ден е. Бог да ги благослови сите“, рече Џеј Ло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот