ВИДЕО | Џефри Стар: „По озборувањата за Канје Вест, ми се додворуваат рапери“

Instagram
Instagram

По ширењето на бизарната теорија дека „јутјуберот“ Џефри Стар е виновен за распадот на бракот на раперот Канје Вест и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, неговите социјални мрежи се преполни со пораки, па токму затоа Џефри реши да одговори на овие приказни. За време на неговото претставување, Џефри Стар се пофали дека разни рапери го „бомбардираа“ со комплименти по оваа наводна афера.

За почеток Џефри Стар објасни дека тој никогаш не бил во никаква врска со раперот Канје Вест.

Дефинитивно не спијам со него, но бројот на рапери кои ми се јавуваат е неверојатна. Време е за снимање на хит-песна во кревет, рече на шега Џефри, пишува „Mirror“.

Се чини дека Џефри не е заинтересиран за раперите , бидејќи по таа изјава им призна на своите следбеници дека се подготвува за состанок со полицаец.

Подоцна одам на друг состанок со момче. Тој е полицаец и има најубави зелени очи, откри Џефри со видеото.

Да потсетиме, кога тие започнаа да го поврзуваат Џефри со Канје, тој изјави дека тие никогаш не се дружеле и дека раперот не е негов тип, бидејќи тој лично сака „многу високи мажи“.

Приказната за оваа наводна афера ја започна корисникот на „TikTok“, Ава Луиз, која претходно стана позната по песната „Skinny Legend Anthem“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот