ВИДЕО | Џебниот дрон „бубачка“: Тежи само 196 грама и е одличен за шпионажа!

Принтскрин / Youtube
Принтскрин / Youtube

Може да лета цели 40 минути, па дури и при ветрови посилни од 80 км на час. Британската армија започна со тестирање на мали беспилотни летала што ќе се користат за шпионажа.

„Нано беспилотното летало“ наречено „Буг“ (бубачка) е направено во тест серија од 30 џебни -летечки објекти и е заедничко дело на „БАЕ системи“ и „УАВТЕК“.

Дронот е тежок само 196 грама и е наменет за воени извидувања, надзор и шпионажа, а заради големината и тежината се споредува со паметните телефони.

Батеријата му овозможува да лета 40 минути во радиус од 2 км, а неговите дизајнери особено ја потенцираат можноста за летање во сите временски услови, вклучително и летање на ветрови посилни од 80 км на час.

Откако армијата ги заврши сите тестови, производителите имаат намера да направат дополнителни подобрувања. Надградената „бубачка“ на тој начин ќе добие дополнителни сензори за фотографии и аудио, кои треба „да ги претставуваат очите и ушите на војниците на фронтовите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот