ВИДЕО | Џајковска од „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди Инклудиран“: Да ја подигнеме јавната свест за вклучување на лицата со попреченост во општествениот живот

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ во соработка со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“, го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“.

Проектот е финансиран од Европската Унија и има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта.

Како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ во текот на учебната 2020/2021 година, обезбедени се стипендии за 322 деца со попреченост кои се запишаа и редовно посетуваа настава. Проектот ќе ја продолжи поддршката на овие стипендисти, но и ќе овозможи дополнителни стипендии за нови 150 ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година. Огласот за новите 150 стипендисти е отворен на интернет страница на Фондацијата „Чекор по чекор“ www.stepbystep.org.mk (на македонски и на албански јазик). Огласот е отворен до 30 септември 2021 г. и може да аплицираат сите родители/старатели на деца со попреченост запишани во прво одделение во основните училишта.

Висината на месечната стипендија е 50 ЕУР во денарска противвредност и истата ќе се доделува за 10 месеци, од септември 2021 г. до јуни 2022 г. Задржувањето на стипендијата во следната учебна година зависи од редовноста на ученикот во училиште и успешниот премин во следното одделение.

Семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош согласно член 4 од „Правилникот за начинот на остварување на правото на гарантирана минимална помош…” При остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош, стипендијата не се смета како приход.

Целта ни е да ја подигнеме јавната свест за прашањето и потребата за вклучување на лицата со попреченост во општествениот живот. Фондацијата главно работи на полето на образованието и овој проект кој што го реализираме е со таа тематика – Вклучување на учениците со попреченост во редовните училишта. Сакавме малку низ видеа, капања, низ таков тип на активности да го привлечеме вниманието на јавноста, сите малку да се запрашаме и размислиме што може да направиме да учениците, децата, младите со попреченост бидат еднакво вклучени како оние со типичен развој.

Како проект се трудиме да направиме неколку активности, да воспоставивме еден холистички принцип – да се дејствува на повеќе фронтови и начини. Тоа што ние го правиме е да дадеме поддршка на семејствата и децата со попреченост преку стипендии, потоа се обидуваме да им помогнеме на училиштата во делот на подобрување на пристапноста на училипштата, но и нивно доопремување. Се обидовме да воспоставиме еден систем на туторска поддршка. Имаме мрежа од 30 тутори кои работат со стипендистите. Летниот период ќе го искористиме да ги поддржиме наставниот кадар, инклузивните тимови во училиштата да малку повеќе ставиуме на индивидуалната работа со учениците со попреченост. Оваа тема е ншео што треба да добие општествена одговорност. Секој треба да размисли што може да направи да може лицата со попреченост да бидат еднакво вклучени. Ако нешто се прави, гради, инвестира, секогаш треба да се има на ум дека тоа треба да биде пристапно и за лицата со попреченост, изјави во Утрински брифинг Бранка Џајковска, Проектен менаџер на проектот „Биди Ин, биди инклузивен, биди инклудиран“ .

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот