ВИДЕО: Џабе Јокиќ и Мареј играат фантастично, Денвер си губи
Вашингтон визардс влезе во победничка серија, славеше на шест од последните седум натпревари и почна да бега од дното во Источната конференција. Нивна последна жртва е Денвер нагетс кој е совладан со 112:110. Натпреварот кој се играше во Колорадо беше полн со пресврти, а домашниот Денвер иако имаше предност, не ги искористи своите шанси во финишот. Во последните седкунди Факундо Кампацо не успеа да погоди тројка за триумф на Денвер.
Повторно одлична партија прикажа Никола Јокиќ со 24 поени и 11 скокови, а Џамал Мареј постигнс 34 поени за Денвер, додека во тимот на Вашингтон Бредли Бил постигна 33 поени, Руи Хачимура даде 20, а Расел Вестбрук имаше трипл-дабл од 16 поени и по 10 скокови и асистенции.
Најдобриот тим на Истокот, Филаделфија сиксерс го совлада Далас маверикс со 111:97 благодарение на олдичната игра на Џоел Ембид кој постигна 23 поени како и Бен Симонс кој одигра одлично во одбрана против Лука Дончиќ. Словенецот на овој натпревар постигна само 19 поени.
Бруклин нетс продолжува со одличните игри по доаѓањето на Џејмс Харден и против Орландо дојде до осмата победа по ред. Кајри Ирвинг беше најпрецизен кај Бруклин со 27 поени, Харден пстигна 20 поени, додека во редовите на Орландо, Никола Вучевиќ имаше 28 поени и 12 скокови.
Резултати:
Филаделфија – Далас 111:97
Бруклин – Орландо 129:92
Њујорк – Сакраменто 140:121
Мемфис – ЛА Клиперс 122:94
Денвер – Вашингтон 110:112
Милвоки – Њу Орлеанс 129:125