ВИДЕО | Девојчето од Украина кое го трогна светот ја воодушеви публиката во Велс: Слушнете како звучи

Амелија Анисович
Амелија Анисович / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Девојчето Амелија Анисович од Украина кое го трогна светот со својот глас, повторно ја воодушеви публиката.

Седумгодишното девојче од Украина настапи на годишниот хорски натпревар „S4C Côr Cymru“. Амелија стекна слава кога нејзиното видео од засолништето во Киев во кое ја пее песната „Let it Go“ од филмот „Frozen“ стана вирално. Таа за среќа успеала да побегне во Полска со нејзиниот брат и баба.

Амелија во неделата беше гостинка во „Aberystwyth Arts Center“, каде што ја отпеа украинската национална химна и „Let It Go“. Публиката стана на нозе и ѝ се заблагодари со громогласен аплауз, а насмеаната Амелија им покажа кренат палец.

Малата Украинка неодамна даде интервју за „BBC“ во кое им се заблагодари на сите кои го пофалија нејзиното пеење.

„Ви благодарам што ви се допадна моето пеење. Вежбам пеење секој ден, наутро, попладне и навечер. Вежбам, затоа и испадна толку добро… Отсекогаш ми беше сон да пеам“, додаде таа.

Повеќе написи на темата:

ВИДЕО | Ќе ве трогне: Малечко девојче ја пее „Let It Go“ во воено засолниште

 

ВИДЕО | Девојчето од Украина кое пееше во засолниште: Расплака илјадници на концерт во Полска

 

Девојчето кое го освои светот со песна во засолништето: Посакувам да сум со мама и тато

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот