ВИДЕО: „Деветка“ на Олд Трафорд, ова е шампионски Манчестер јунајтед!

Фото: EPA-EFE/Phil Noble/POOL

Денеска во рамките од 22 коло во Премиер лигата Манчестер јунајтед на домашен терен го понижи Саутемптон со дури 9:0. Статистиката вели дека последен пат „црвените ѓаволи“ победиле со 9:0 во далечната 1995 година над Испвич таун.

На вечерашната пресметка на „Олд Трафорд“ проблемите за гостите започнаа уште во втората минута кога црвен картон доби Јанкевиц.

Тоа максимално го искористи домаќините со четири погодоци во првото полувреме, гол-серијата ја стартуваше Ван-Бисака, потоа предноста ја зголеми Решфорд, автогол си постигна Беднарек, а во листата на стрелците се запиша и Кавани.

Во 53 минута „светците“ реализираа погодок преку Адамс, но после прегледувањето на ВАР снимката истиот беше поништен.

Следуваа уште два голови во период од две минути преку Марсијал и МекТоминеј (6:0), во 86 минута уште еден играч кај Саутемптон мораше предвреме да го напушти теренот, Беднарек.

Целосно беше демолиран гостинот кој до крајот на средбата прими уште три гола, Фернандеш стрелаше од пенал, Марсијал запиша и втор погодок, а гол-шоуто го зашиша Џејмс.

На табелата составот на Оле Гунар Солскјер се наоѓа на втората позиција со 44 бодови, колку што има и водечкиот Манчестер сити, но напомена дека „граѓаните“ имаат и два меча помалку.

Во текот на денешниот ден се одиграа и натпреварите: Шефилд јунајтед-Вест Бромвич 2:1, Вулверхемптон-Арсенал 2:1 и Њукасл-Кристал Палас 1:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот