ВИДЕО: Девет кинески рудари пронајдени мртви, потрагата не престанува
Бројот на жртви од несреќата во кинескиот рудник е зголемен на 10, откако уште девет рудари беа пронајдени мртви.
Две недели од експлозијата еден рудар и понатаму се води како исчезнат, а спасени се 11, јави државната агенција Синхуа.
Во експлозијата на 10 јануари во рудникот за злато во провинцијата Шангдонг во источна Кина, 22 рудари останаа заробени на неколку стотици метри под земја.
Од тогаш 10 рудари се пронајдени мртви, 11 вчера беа спасени, а еден рудар и понатаму се води како исчезнат, прецизира Синхуа.
Управата на рудникот е во притвор бидејќи чекала повеќе од 24 часа да пријави несреќа, чија причина се уште не е соопштена.
Извор: Б92