ВИДЕО | Детенце од Србија со порака до Бразил: Ќе победиме 3:0, Нејмар ќе плаче како бебе

Фото: Screenshot

Новинарот на бразилскиот „ЕСПН“ правеше интервју во центарот на Белград пред натпреварот помеѓу Србија и Бразил на Светското првенство и во таа ситуација еден млад фан на Србија ги собра симпатиите.

Србија и Бразил ќе играат вечерва од 20:00 часот и новинарот го интересираше какво размислување имаат луѓето во Србија пред овој натпревар.

„Мислам дека Србија ќе победи со 3:0, Митровиќ ќе постигне два гола во првото полувреме, а потоа Влаховиќ во второто. Нејмар ќе паѓа и ќе плаче како бебе“, одговори детенцето.

Неговиот одговор го насмеа новинарот и водителите во студиото кои низ смеа заклучија – каква провокација!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот