ВИДЕО | Деспотовски: Наш приоритет се високи плати во ТИРЗ

Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ/ Фото: Слободен печат/Ристо Пејовски

За бенефициите што компаниите ги добиваат во Технолошките индустриски развојни зони, очекуваме да вратат со високи плати, со придонеси и со даноци, вели во интервју за „Слободен печат“ директорот на зоните Јован Деспотовски.

– Имаме сосема нов квалитет на полето на странски инвестиции споредено со сите години порано. Како највидлив показател за ова е разликата во нето плата од 2016 и 2020 година која изнесува 40 проценти, вели Деспотовски.

Инаку, над 160 милиони евра странски инвестиции само годинава влегле во земјава од девет инвестициски проекти, од кои дел се нови, а дел се од оние кои веќе оперираат во македонските Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ). Вкупниот обем на уплати што овие инвестиции ќе ги генерираат во буџетот во наредните десет години е над 120 милиони евра. Оваа 2021 година, според анализите, е најдобра во последните четири години, вели за „Слободен печат“ директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски.

Според стратегијата на оваа Влада ТИРЗ-те се отворени и за македонски компании, со истите бенефиции кои важат и за странските, но за жал засега има многу мал интерес за тоа.

Тој ја најавува и најголемата странска инвестиција досега во историјата на привлекување странски инвестиции која ќе биде обзнаена за две до три недели. Се работи за германски гигант во доменот на фармацевтската индустрија, а инвестицијата ќе биде над 100 милиони евра.

Целото интервју погледнете го тука.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот