ВИДЕО | Десетици мртви во рускиот напад над Киев, во кој беше погодена и детска болница

Напад врз Киев / Фото: Sergei SUPINSKY / AFP / Profimedia

Најмалку 10 лица загинаа, а 31 се повредени во руските напади врз Кривиј Рих во Украина, со што вкупниот баланс на убиени во масовниот ракетен напад во целата земја се искачи на 20 луѓе.

„Десет лица се убиени, 31 се веќе хоспитализирани – од кои 10 се сериозно повредени. Сите итни, комунални и медицински служби се активирани“, информираше градоначалникот Александер Вилкул преку социјалните мрежи.

Според официјални лица, најмалку 20 лица се убиени во рускиот масовен ракетен напад врз градови низ Украина. Во главниот град Киев загинаа најмалку седум лица. Градоначалникот на градот рече дека детската болница била погодена од ракетниот напад и дека е евакуирана.

Шефот на воената администрација во централниот украински град Кривји Рих изјави дека таму биле убиени најмалку 10 лица, а тројца загинале во источниот град Покровск.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во посета на Полска, изјави дека Русија истрелала околу 40 проектили на цели низ целата земја. Зеленски, кој треба да отпатува во САД на Самитот на НАТО во Вашингтон, потенцираше дека Русија „масовно ја нападнала“ Украина.

Различни градови, меѓу кои и Киев, Днепар, Криви Рих, Славјанск, Краматорск биле нападнати и биле испукани повеќе од 40 проектили од различен тип. Оштетени се станбени згради, инфраструктура и детска болница, рече тој.

Облаци од чад можеа да се видат низ главниот град Киев, а видео објавено на социјалните мрежи го покажува уништувањето и однатре и однадвор на детската болница „Охмадит“. Не е познато дали некој внатре е повреден. Зеленски во објава на социјалните мрежи рече дека луѓето се заробени под урнатините на болницата. Тој додаде дека бројот на повредени во болницата „Охмадит“  засега е непознат.

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, оцени дека денешното бомбардирање е најголемиот напад врз главниот град од почетокот на војната.

Кривиј Рих е родниот град на Зеленски и постојано беше напаѓан од Русија откако ја започна својата целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Руското бомбардирање доаѓа откако индискиот премиер Нарендра Моди пристигна во Москва во дводневна државна посета на Русија, каде што треба да разговара со претседателот Владимир Путин во Кремљ.

Руско-украинската криза, која започна во 2014 година со анексијата на Крим, ескалираше во 2022 година со целосната инвазија на Украина од страна на Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот