ВИДЕО: Дербито за Баерн, Халанд само го налути Левандовски!

Фото: EPA-EFE/Sebastian Widmann/POOL

Денеска се одигра најинтересниот натпревар во Бундеслигата, на „Алијанц“ Арената во Минхен актуелниот шампион Баерн со 4:2 триумфираше над Борусија Дортмунд во рамките од 24 коло.

„Милионерите“ го шокираа домаќинот уште во првите 10 минути со новите погодоци сезонава на европската и светска сензација Ерлинг Халанд кој двапати ја затресе мрежата на Нојер.

Но, на спротивната страна Роберт Левандовски покажа и докажа зошто беше прогласен за најдобар фудбалер во 2020 година во изборот на ФИФА. Најпрвин полскиот интернационалец намали во 26 минута, а од пенал израмни непосредно пред паузата (44`).

Победата на баварскиот гигант дојде во самиот финиш од мечот, за 3:2 се погрижи Леон Горецка (88`), а 120 секунди подоцна Левандовски го комплетираше својот хет-трик за поставување на конечниот епилог.

Составот на тренерот Ханс Флик е на врвот на табелата во најсилното германско првенство во 55 бодови, два повеќе од второпласираниот Лајпциг, а Дортмунд е на шестата позиција со 39.

Чурлинов повторно со мала минутажа во Бундеслигата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот