ВИДЕО: „Дерби дела Мадонина“: Ериксен го однесе Интер во полуфиналето на Купот

epa08967550 Inter Milan?s Christian Eriksen scores the winning 2-1 goal during the Italian cup quarter-final soccer match between FC Inter and AC Milan at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 26 January 2021. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Во првиот четвртфинален натпревар во италијанскиот Куп, Интер го совлада градскиот ривал Милан со гол во судиското продолжение.

Популарното градско миланско дерби „Дерби дела Мадонина“ го одбележаа вербалната војна помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку и голот на Кристијан Ериксен во последните моменти од натпреварот.
„Росонерите“ беа подобар тим на почетокот од натпреварот и вообичаено преку Ибрахимовиќ се закануваа кон голот на Хандановиќ. Подобрата игра вроди со плод во 31. минута кога Ибрахимовиќ со одличен шут го совлада голманот на Интер.
„Нераѕурите“ имаа можност да возврат уште во првото полувреме, но Санез и Брозовиќ не ги искористија своите шанси. Сепак, првиот дел го одбележа вербалната војна помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку кои прво разменија неколку зборови, а по навредите од напаѓачот на Милан, Белгиецот полуде и сакаше да се пресмета со Златан. На крајот и двајцата добија жолт картон и тој беше кобен по Ибрахимовиќ.

ВИДЕО: Жешко е на „Дерби дела Мадонина“: Ибрахимовиќ и Лукаку во клинч

Напаѓачот на Милан во 58. минута од зад грб со фаулираше Коларов по што судијата му додели втор жолт картон и го исфрли од натпреварот.
Оттогаш, на теренот доминираа фудбалерите на Интер, додека „росонерите“ мислеа само на одбрана на сопствениот гол.

Сепак, бедемот пред голманот Татарушану потклекна во 69. минута кога по асистенција на ВАР собата, судијата досуди пенал за Интер по прекршокот над Барела. Сигурен реализатор беше Лукаку.
Во продолжението од средбата, повторно доминација на играчите на Интер кои имаа неколку одлични шанси пред Кристијан Ериксен во 97. минута со одличен шут од слободен удар да постигне гол и да го однесе својот тим во полуфиналето на Купот.
Противник на Интер во полуфиналето ќе биде подобриот од натпреварот Јувентис – Спал кој се игра утревечер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот