ВИДЕО | Дерала: „Хјуман рајтс воч“ препознава дека Северна Македонија оваа година нема потреба да биде во нивниот извештај како посебно поглавје

Џабир Дерала
Џабир Дерала, Цивил / Утрински брифинг

Една од добрите вести во извештајот на „Хјуман рајтс воч“ е дека на диктаторите и автократите им следат лоши години. Оваа теза на генералниот директор на ХРВ се провлекува веќе од минатата година, што е на еден начин продолжување на позитивен тренд кој го согледува ХРВ за разлика од тоа што го гледаат речиси сите други релевантни невлади организации за човекови права во светот, изјави за Утрински брифинг првиот човек на „Цивил“, Џабир Дерала.

-Според него има огромен демократски потенцијал кај гранките и граѓаните низ целиот свет и смета дека тоа еден потенцијал кој во догледна иднина ќе го сопре трендот на автократизирање, вели Дерала.

-На демократските лидери често им се случува, притиснати од големите неволји, знаат да кокетираат со популизмот и при тоа да ги заборават своите основни задачи – а тоа е да ги исполнат очекувања и надежите да ги заштитат граѓанките и граѓаните од загрозувањата на човековите права и тоа е одличен апел до нив што би влијаел до демократските лидери и би ги охрабрил пожестоко да се борат за заштита на човековите права, потенцира Дерала.

-Самиот извештај има сериозни анализи на состојбите во повеќе од 100 земји и добра вест е дека Северна Македонија не се наоѓа меѓу нив. Земјата е спомната дека имаме свој претставник во тело на ОН која се занимава со човековите права во Шри Ланка, пшто е мал куриозитет, но спомнати сме дека се уште се влече опашка на соработката на државните власти со ЦИА, односно со тајните затвори во светот, вели Дерала.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот