ВИДЕО: Денвер води против Мајами, Јокиќ „царува“ и во финалето на НБА

фото: EPA-EFE/BOB PEARSON

Денвер предводен од Никола Јокиќ кој забележа нов „трипл-дабл“ учинок во првиот натпревар од големото финале во НБА лигата го совлада Мајами хит. Нагетси беа подобри од „жешките“ со резултат 104:93 во дебитантскиот настап во финалето на НБА.

Србинот Јокиќ повторно беше најдобар кошаркар на својот тим остварувајќи нов, деветти „трипл-дабл“ во плеј-офот и стана првиот центар во историјата кој забележа 14 асистенции на еден натпревар од финалето.

Центарот на Денвер го заврши мечот со 27 поени и 10 скока, додека Џамал ​​Мареј постигна 26 поени, Гордон додаде 16, а Портер 14.

Само тројца кошаркари во историјата на НБА во еден плеј-оф имаа 450+ поени, 200+ скокови и 150+ асистенции, тие се Лери Бирд, Леброн Џејмс и Никола Јокиќ.

Во тимот на Мајами, Адебајо постигна 26 поени, Винсент додаде 19, Хајсмит 18, додека Џими Батлер постигна 13 поени. Следниот натпревар исто така ќе се игра во Денвер ноќта меѓу 4 и 5 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот