ВИДЕО | Денвер се врати на победите, Јокиќ блиску до трипл-дабл

По пауза од четири натпревари тимот на Денвер конечно се радуваше на победа и тоа на гости кај Детроит со резултат 100:119.
И на оваа средба најдобар во редовите на Нагетси беше Никола Јокиќ кој го предводеше својот тим до победата. Детроит се држеше во првите три четвртини, меѓутоа во завршницата целосно попушти и не можеше да го издржи ритамот кој го наметнаа кошаркарите на Денвер.
Од моментот кога на семафорот стоеше 91:91 следуваше серија од 28:9 до завршувањето на средбата и тоа беше клучниот период во натпреварот. Јокиќ беше блиску до трипл-дабл со 30 поени, 10 скока и девет асистенции. Српскиот ас имаше одлична поддршка и од Колдвел-Поуп кој уфрли 20 поени, колку што имаше и МекГрудер на спротивната страна.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Детроит – Денвер 100-119, Бруклин – Сакраменто 96-101, Торонто – Оклахома 128-111, Милвоки – Индијана 123-139, Феникс – Орландо 116-113.