ВИДЕО: Денвер поведе со 2:1 против Мајами, Јокиќ повторно испиша историја во НБА

фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Кошаркарите на Денвер направија „брејк“ во Мајами и со победа од 109:94 поведоа со 2:1 во големото финале на НБА лигата. Српскиот центар Никола Јокиќ одигра уште еден историски меч, забележувајќи нов „трипл-дабл“ со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции за 44 минути игра.

Јокиќ со тоа стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој остварил „трипл-дабл“ во финалето со најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции.

Покрај Србинот, во триумфот на Нагетси блескаше и Џамал ​​Мареј со 34 поени, по 10 скока и асистенции, па и тој го најде своето место во историјата покрај Јокиќ. Досега не се случило двајца кошаркари од ист тим да забележат „трипл-дабл“ и истовремено да постигнат 30 поени. Не само во финалето на НБА или во плеј-офот, ниту на кој било натпревар во 77-годишната историја на лигата, и токму тоа се случи во една историска ноќ во Флорида.

Покрај Јокиќ и Мареј, одличен меч кај Денвер имаше и „дебитантот“ Кристијан Браун со 15 поени, а Ентони Гордон постигна 11. Кај Хитси Џими Батлер реализираше 28 поени, а Бем Адебајо 22 поени.

Следниот, четврти натпревар во серијата ќе се игра ноќта меѓу петок и сабота во 02.30 часот, исто така во Мајами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот