ВИДЕО: Денвер не може без Јокиќ, и Феникс подобар од Нагетси

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер нагетс/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Втора вечер во низа Никола Јокиќ поради повреда не беше во составот на Денвер и по вторпат играчите на тренерот Мајкл Мелоун не успеаја да триумфираат.

Овојпат Феникс беше подобар од Нагетс со 100:93, а новото отсуство на српскиот центар може да го чини трета последователна МВП титула во најсилната лига на светот, НБА.

Јокиќ моментно води на листата на играчи кои се борат за титулата најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, а зад него е Џоел Ембид кој синоќа во победата на Филаделфија над Торонто постигна 25 поени, а имаше и 12 скокови.

Денвер и натаму е на првото место во Западната конференција (51-26), додека Санси после четвртата победа по ред е на четвртата позиција (42-35).

НБА лига, резултати

Шарлот – Чикаго 91:121
Индијана – Оклахома 121:117
Филаделфија – Торонто 117:110
Вашингтон – Орландо 109:116
Бостон – Јута 122:114
Бруклин – Атланта 124:107
Кливленд – Њујорк 116:130
Хјустон – Детроит 121:115
Мемфис – ЛА Клиперс 108:94
Минесота – ЛА Лејкерс 111:123
Голден Стејт – Сан Антонио 130:115
Портланд – Сакраменто 114:138
Феникс – Денвер 100:93

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот