ВИДЕО: Денвер и Лејкерс не знаат да победуваат без Јокиќ и Леброн

Никола Јокиќ не игра поради повреда, а Леброн Џејмс е суспендиран на еден натпревар/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Екипата на Денвер нагетс го доживеа петтиот пораз во петтиот натпревар кој го игра без својот најдобар играч, Никола Јокиќ.

За главоболките на тренерот Мајк Мелоун да бидат поголеми, екипата нема да може да смета ниту на вториот стрелец во тимот, Мајкл Портер јуниор. Портланд без никакви проблеми со 119:100. Најдобар во тимот на Портланд беа бековите, Си-Џеј Меколум со 32 поени и Демиен Лилард со 25 постигнати поени. Во редовите на Денвер се истакнааа ветеранот Џеф Грин со 24 и Монте Морис со 16 поени.

И ЛА Лејкерс не може да победи доколку во тимот  не е Леброн Џејмс. Леброн поради суспензија не настапи поради суспензија, а Ентони Дејвис поради болест не  играа во Медисон Сквер Гарден и тоа го искористи Њујорк никс да слави со 106:100. Најефикасен кај Њујорк беше Еван Фурние со 26 пеони, додека Џулиус Рендл оствари дабл-дабл од 20 поени и 16 скокови.
Во отсуство на првите две ѕвезди, кај Лејкерси најрасположен за игра беше Расел Вестбрук кој оствари трипл –дабл од 31 поен, 13 скокови и 10 асистенции.


Мајами хит со 100:92 го совлада Детроит пистон кој е еден од најлошите тимови сезонава. Кај „жешките“ блескаше Тајлер Хироу со 31 поени и осум скокови.


Со враќањето на Лука Дончиќ на терените се вратија и победите за Далас маверикс. „Дивите телиња“ со 112:104 го победи ЛА Клиперс и тоа откако тимот од Лос Анџелес со серија 1:11 успеа да ја анулира предноста на Далас. Пол Џорџ со звукот на сирената погоди тројка за продолжение, но во дополнителните пет минути кошаркарите на Далас беа подобри и забележаа победа. Лука Дончиќ по враќањето на терените од повредите имаше учинок од 26 поени и по девет асистенции и скокови.


Резултати:
Детроит – Мајами 92:100
Њујорк – ЛА Лејкерс 106:100
Портланд – Денвер 119:100
ЛА Клиперс – Далас 104:112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот