ВИДЕО: Денеска во 12 протестираат угостителите- рестораните за свадби бараат грант од 3 милиони денари

Угостителско туристичкиот сектор денеска во 12 часот ќе протестира пред Министерството за финансии. Тие бараат да се сретнат со премиерот Зоран Заев и лично да му ги пренесат барањата кои се и писмено доставени од страна на Туристичко угостителската комора при Сојузот на Стопански комори.

-Протестот ќе го одржиме тука, затоа што во Министерството за финансии се управува со државните средства и тие најдобро знаат колку нас ни е потребна нивната финансиска помош. Протестот ќе трае од 12 до 19 часот, а тука ќе бидеме секој ден се до исполнување на нашите барања, рече денеска во Утрински брифинг Перица Голомеиќ.

Во организацијата на протестот се вклучени околу 6.000 правни субјекти од туристичко-угостителскиот сектор, најмногу угостителски објекти и туристички агенции од Туристичко угостителската комора, но поддршка има и од игротеките од Групацијата на забавни и рекреативни дејности, Асоцијацијата на туристички водичи, Движењето за социјална правда ,,Обединети работници” и многу други.

-Единствената помош која досега сме ја добиле е еднократниот грант во износ од 10.000 евра, а со тие средства не можеме да покриеме ниту основни комунални трошоци. Ние бараме помош за да преживееме. Побарувањата кои ги доставивме до Владата се поделени во три категории. За сите објекти, како ресторани, кафетерии бараме еднократен грант врз основа на број на вработени. До десет вработени, 300 000 денари, од десет до 30 вработени бараме 600 000 денари, за над 30 вработени бараме еден милион денари. За рестораните за организирани прослави бараме еднократен грант во износ од три милиони денари. Еднократен грант бараат и ноќните клубови и туристичките агенции, но агенциите бараат и ваучерите за туризам да важат до декември 2022 година, објаснува Голомеиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот