ВИДЕО | Денес изминуваат 18 години од магијата на Роналдињо против Реал Мадрид

Фото: EPA/ALBERTO ESTEVEZ

Денеска изминуваат точно 18 години од еден од најспектакуларните потези во историјата на фудбалот, а тој е во режија на бразилскиот волшебник Роналдињо.

На 19. ноември 2005 година Роналдињо како фудбалер на Барселона ги натера навивачите на Реал Мадрид да станат и да му апладуираат, иако противничките фудбалери покрај него изгледаа како мали деца.

Барселона во тој натпревар победи со 3:0, а двата од три гола беа дело токму на Роналдињо кој буквално си играше со фудбалерите на Реал.

Неговите потези посебно имаа тежина затоа што во тоа време дресот на Реал го носеа фудбалери како: Зидан, Роналдо, Раул, Роберто Карлос, Бекам, Гути, Робињо…

Тој период беше и најдобриот од кариерата на Роналдињо освојуваќи ја и „Златната топка“ неколку месеци порано.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот