ВИДЕО: Демонстранти во Нови Сад удрени со возило, а потоа претепани

Инцидент на протест во Нови Сад / фото: „Икс“ / скриншот

За време на акцијата „Застани Србијо“, која се организира поради падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, во кој животите ги загубија 15 луѓе, попладнево се случи уште еден инцидент.

Додека граѓаните беа на улиците и го блокираа сообраќајот, возач удри во нив со возилото. Но инцидентот не запре тука. Од автомобилот излегоа четворица напаѓачи, кои почнаа да ги тепаат луѓето со тупаници.

„Еден автомобил сакаше да ја пробие блокадата и почна да гази еден наш активист. Јас им викав да застанат, тие застанаа, излегоа и почнаа да не тепаат. Го претепаа човекот што го соборија со автомобилот, а и мене ме удрија неколку пати“, изјави Роберт Силберхолц.

Силберхолц го пријавил случајот во Полициската управа во Нови Сад и додал дека има многу снимки од инцидентот, како и дека активистите успеале да ги снимат регистарските таблички на автомобилот, јавува Радио Слободна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот