ВИДЕО | Демонстранти упаднаа на Канскиот филмски фестивал со огромен транспарент и димни бомби

демонстранти кан
Членовите на феминистичкото движење „Les Colleuses“ држат џиновски транспарент на кој пишуваат имињата на 129 жени кои починале како последица на семејно насилство од последниот филмски фестивал во Кан / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Во неделата на 22 мај, група демонстранти облечени во црно се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал носејќи голем транспарент со имињата на 129 жени кои починале како последица на семејно насилство во Франција од претходниот фестивал во 2021 година, пренесуваат странските медиуми.

Демонстрантите – членови на феминистичкиот колектив познат како „Les colleuses“, исто така запалија црни димни бомби кога застанаа на скалите на црвениот тепих пред „Palais des Festivals“.

Сето ова се случуваше на премиерата на филмот „Holy Spider“, крими трилер во режија на Али Абаси, кој ја раскажува приказната за новинарка која ги истражува тековните убиства на сексуалните работници во Иран. Филмот е заснован на вистинскиот сериски убиец Саид Ханаи, кој признал дека убил 16 жени помеѓу 2000 и 2001 година. Тој беше осуден на смрт на 8 април 2002 година.

ФОТО+ВИДЕО | Демонстрантка направи хаос на црвениот тепих во Кан: Престанете да нè силувате

Ова е вторпат на овогодинешниот 75-ти Кански филмски фестивал, на црвениот тепих да се појави демонстрант поради протест околу насилството врз жените. Во петокот, 20 мај, една жена истрча топлес на црвениот тепих во знак на протест со порака „Престанете да нè силувате“ испишана на нејзиното тело со која ги обвинува руските војници за силување за време на инвазијата на Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот