ВИДЕО: Демонстрант во Тетово се обиде да нападне полицајци со бекатон-плочка

Протест во Тетово / 17 септември 2021 / фото: Pacensure.com/принтскрин

Снимка од тензична ситуација од денешниот протест во Тетово е објавена на социјалните мрежи, а на неа се гледа како еден од демонстрантите се обидува да се пресмета со полицајците, држејќи бекатон-плочка во раката.

За среќа, избегнат е потежок инцидент, откако другите полицајци кои се најдоа на местото го спречија демонстрантот во намерата.

Според новинарката на порталот Pacensure.com Лиридона Вејсели, која го објави видеото, за време на денешниот протест, на кој се бараше „одговорност и правда“ за жртвите во катастрофалниот пожар во тетовската модуларна ковид-болница, полицијата и покрај „загреаната“ атмосфера и спорадичните судири со демонстрантите, не ги попречувала новинарите, на кои им биле обезбедени услови за известување од настаните.

Демонстрантите попладнево маршираа низ тетовските улици, фрлаа јајца врз зградата на општината, а потоа се обидоа, но не успеаја да стигнат до седиштето на ДУИ во Мала Речица. МВР соопшти дека на протестот полесно се повредени четворица полицајци, а тројца демонстранти се уапсени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот