ВИДЕО | Деловски и Томи Тасев со прва заедничка песна: Германска продуцентската куќа ги поддржа македонските музичари

Приватна архива
Приватна архива

„Riot“ е првата заедничка песна на македонските диџеи и продуценти Деловски и Томи Тасев. Песнатакоја е во издание на продуцентската куќа „Smthngelse“ од Германија, веќе е промовирана на „Spotify“, „iTunes“ и сите поголеми стриминг платформи во светот.

„Идејата за „Riot“ се роди лани во ноември. Најдов предобар машки вокал, кој веќе го испеа текстот и решив да направам песна базирана на вокалот. За кратко време ја имав првата демо верзија на песната. Бидејќи сакав да направам мали измени во текстот, го исконтактирав вокалистот, а тој ми одговори дека има потпишано ексклузивен договор со продуцентската куќа што ги издава неговите вокали и дека не смее да прави измени на испеаното“, вели Деловски.

Тој потоа демото му го испратил на Тасев и заедно решиле да најдат македонски пејач кој би ја испеал песната онака како што тие ја замислиле.

Приватна архива
Приватна архива

„Исконтактираве неколку музичари, сите беа добри, некои и над нашите очекувања, но на крајот решивме да ја издадеме „Riot“ со првичниот вокал. Со Томи ја завршивме песната пред неколку недели и сега конечно ја промовираме преку германската продуцентска куќа со која имаме потпишано договор, додава Деловски.

Деловски е музички продуцент и диџеј од Скопје, кој е дел од електро сцената од 2011 година. Тој е еден од најреномираните mashups/edits DJ-и на балканов. Ова реноме го стекна преку познатата диџеј страна demodrop.comкаде што го следат над 13.000 диџеи од светот и ги пуштаат неговите едити на своите настапи.

Приватна архива
Приватна архива

Дел од нив, се пуштани на најголемите фестивали во светот како што се „Tomorrowland“ и „Ultra Music Festival“, па и на светски радио станицимеѓу кои „BBC Radio 1 London“ и „Hakkasan Las Vegas Radio“. 

Деловски настапува во многу клубови и локали низ земјава. Освен што настапува како диџеј, тој во иднина најавува соработка со познатата македонска етно група „Синтезис“ и со еден од најдобрите македонски бендови „Нокаут“.

Томи Тасев е македонски диџеј, продуцент и музичар, со седиште во Сент Гален, Швајцарија. Неговата музичка приказната започна 2006 година, кога почнал да пее и да свири пијано во училишниот бенд. Во 2013 година почнува да се занимава со музичка продукција, една година подоцна да работи и како диџеј.

Приватна архива
Приватна архива

Во 2018 година Тасев ја издава својата прва песна „Broken“, со што почнува да се менува и неговата музичка кариера. Шест месеци подоцна следи „One Look One Smile“, а во 2019 година настапи на еден од најголемите летни настани во Македонија, Струмица опен фестивал.

Тој неодамна доби признание од „Spotify“ како артист со еден милион преслушувања на оваа музичка платформа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот