ВИДЕО: Дејвис за важен триумф на Лејкерси, Далас ита кон плеј-оф

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Феникс на домашен терен со резултат 123:100. Покрај актуелните НБА шампиони, победи доцна синоќа забележаа уште Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс и Минесота.

Лејкерси до важниот триумф за плеј-оф беа предводени од Ентони Дејвис кој имаше фантастична партија со 42 поени, 12 скока и пет асистенции и така го надополни отсуството на Леброн Џејмс.

Колдвел-Поуп и Карусо додадоа по 17, а Херел и Меклемор придонесоа со по 12 коша. На спротивната страна за Санси најефикасен беше Пејн со 24 поени, Букер запиша 21, а Бриџис 15.

„Езерџиите“ се седмопласирани на Западот (38-30), доколку останат на таа позиција ги чека влез во плеј-ин. Феникс е второпласиран (48-20) и веќе обезбеди плеј-оф.

Далас беше подобар од Кливленд во Охајо со 124:97 и сега е на петтата позиција со учинок 40-28. Кавалирси се на 13 позиција на Истокот (21-47) без шанси за плеј-ин или плеј-оф.

Хардавеј јуниор доминираше за Маверикси запишувајќи 25 поени, имаше голема помош од Ричардсон кој уфрли 20, додека Словенецот Дончиќ мечот го заврши со 15 поени, по пет скока и асистенции. За Кавалирс Секстон беше најдобар со 24 поени и седум асистенции.

НБА лига, резултати –

Шарлот Хорнетс – Њу Орлеанс Пеликанс 110:112
Кливленд Кавалирс – Далас Маверикс 97:124
Орландо Меџик – Минесота Тимбервулвс 96:128
Детроит Пистонс – Чикаго Булс 96:108
Лос Анџелес Лејкерс – Феникс Санс 123:110
Сакраменто Кингс – Оклахома Сити Тандер 126:98

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот