ВИДЕО: Дејвис се врати на терените, но Дончиќ го суреди шампионот
Актуелниот шампион ЛА Лејкерс полека се подготвува за плеј-офот и утринава по пауза од два месеци на терените се врати Ентони Дејвис. Но, шампионот е поразен од Далас маверикс со 115:110 во натпревар на кој блескаше Лука Дончиќ со 30 постигнати поени.
Кај Лејкерси се истакна Кентавиус Колдвел-Поуп со 29 поени, додека Денис Шруден даде 25 кои го забележаа третиот пораз во последните четири натпревари.
Во дербито на Источната конференција, Милвоки бакс со 124:117 ја совлада Филаделфија и тоа благодарение на Јанис Адетокумпо. Гркот средбата ја заврши со 27 поени и 16 скокови и го доби дуелот со Џоел Ембид кој даде 24 поени за Филаделдија која пак го доживеа третиот пораз по ред и сега се наоѓа на делба на првото место на Истокот со Бруклин. И двете екипи имаат скор од 39:20, додека Милвоки е трет со скор 36:22.
Бостон селтикс како наближува плеј-офот така игра се подобро и утринава го совлада Феникс санс со 99:86. Кемба Вокер имаше одлична шутерска вечер со 32 поени, додека кај Феникс се истакна Крис Пол со 22 поени.
Резултати:
Бостон – Феникс 99:86
Милвоки – Филаделдија 124:117
Орландо – Њу Орлеанс 100:135
Сан Антонио – Детроит 106:91
Чикаго – Шарлот 108:91
Далас – ЛА Лејкерс 115:110