ВИДЕО | Дејвид Бекам прослави Нова Година заедно со ќерката Харпер: Симпатичниот бакнеж меѓу татко и ќерка го подели мислењето на интернетот

дејвид бекам харпер севен
Фото: Принтскрин / Instagram

Поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам сподели симпатично видео од неговиот дочек на новата 2022 година, на кое ја прегрнува својата ќерка и ја бакнува додека додека огнометот го осветлува небото во позадината. И, иако е тоа слатко споделување, видеото го подели мислењето на интернетот станувајќи вирално.

Дејвид и неговата 10-годишна ќерка Харпер заедно ја прославија Новата година во петокот вечерта. 46-годишниот поранешен фудбалер сподели објава од неговото новогодишно славење на Инстаграм во форма на видео од него и неговата ќерка. Во краткиот клип, дуото татко-ќерка може да се види како гледаат неверојатен огномет и им посакуваат на обожавателите „Среќна Нова Година!“ пред да споделат симпатичен бакнеж помеѓу татко и ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Заедно со видеото, Дејвид сподели и неколку други слики на истиот слајд, на кои се појавуваат неговите „омилени моменти“ од 2021 година, членовите на неговото семејство, како и нивните три кучиња.

Додека ја споделуваше објавата, поранешниот фудбалер напиша: „Среќна Нова Година. Специјални моменти со луѓето на кои сум најмногу благодарен @victoriabeckham @brooklynbeckham @romeobeckham @cruzbeckham #HarperSeven. Ве сакам многу.”

Серијата фотографии и видеа вклучува пријатна слика на сопругот и сопругата Бекам, слики од децата Бруклин (22), Ромео (19), Круз (16) и Харпер, и нивните три кучиња.

Многу профили на обожаватели го споделија видеото и тоа ги подели обожавателите кои, иако многумина ја ценат симпатичната врска на таткото и ќерката, некои беа шокирани од тоа како можат да споделуваат бакнежи со усни. И додека многу обожаватели ја задеваа ѕвездата, некои го поддржаа велејќи дека тоа е само мал бакнеж и дека тоа е широко прифатено во нивната култура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BS (@babysismoon.ir)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот