ВИДЕО | Дечков: Социјалните мрежи предизвикуваат двојна виктимизација на жртви на насилство

Јасмина Дечков, психолог / Утрински весник

Деновиве јавноста беше сведок преку видео снимка објавена на социјалните мрежи за насилство во училница, односно кога наставник во училиште во Бутел тепаше ученик. За тоа какви последици ваквите ситуации оставаат кај децата со дополнителен булинг преку социјалните мрежи, во денешен Утрински брифинг разговаравме со психологот Јасмина Дечков.

-За жал почнаа да се појавуват видеа на социјалните мрежи, но и самото јавно објавување исто така ќе има последици по детето. Насилството не треба да биде присутно во училницата, улогата на наставникот е да ги воспитува и образува децата. Тој е пример како треба понатаму да се однесува ученикот. Насилството воопшто не треба да постои во училиште и има други начини на решавање на недолично однесување на ученик. Детето сигурно ќе има емоционални последици. Целата ситуација со социјалните мрежи е проширување на траумата и кај ученикот и кај наставникот, вели Дечкова за Утрински брифинг.

Таа вели дека не знаеме која била поентата снимката да се објави на социјалните мрежи. Сајбер булингот подразбира малтретирање преку социјални мрежи и ако тоа му била намерата на оној што објавил, тогаш тоа е сајбер булинг. Ако не, тогаш требало да се пријави во училиштето, оти социјалните мрежи не се мегдан каде треба да се промовира тоа насилство и луѓето да се ставаат во дополнитена незгодна ситуација, вели Дечкова за Утрински брифинг.

Дечкова ни ја појасни праксата за тоа како треба да се постапи при ваква ситуација меѓу наставник и ученик.

-Директорот на училиштето може да поведе постапка против наставникот. Но, треба да се направи проценка: каква била ситуацијата, дали му е првпат, како се случило и зошто, па од тоа зависи казната за наставникот, вели Дечкова.

Директорот свика стручна комисија и сѐ уште не е преземено ништо, а јавноста очекува брза разрешница.

-Тоа е ингеренција на директорот. За секој насилник треба да постои санкција. За учениците постојат педагошки мерки и советување. Така и кон наставник може да се поднесат санкции, вели таа.

Има и ситуации кога дете се однесува недолично и го пореметува часот. Ако се случувало такво нешто тогаш зошто до сега не е постапено да се прати детето кај психолог или предагог како што беше праксата порано.

-Одговорноста е прво кај наставникот, па потоа кај стручно лице. Ние според закон се советуваме со родителите, а ако е екстремен случај со стручните служби во МОН. Се изрекуваат педагошки мерки. Велам дека секогаш има некоја причина зошто некое дете се однесува недолично. Лани во нашето училиште имаме работилнии за сајбер булинг и стручно лице кое им објасни на децата што е сајбер булинг и дека не е тоа така едноставно да се сведе на смешка оти тоа некого повредува, вели Дечкова.

Сајбер булингот е надополнуваме на физичкиот булинг. Дали во конкретниот случај соучесници се сокласниците и другите набљудувачи?

-Снимката се доставува до директорот кој повикува соодветни служби. Неретко се случувало да сме имале проблем со ученик, но се известува директорот а потоа ако е потребно и МВР, вели Дечкова.

Во секој случај, не е здрава средина кога некој тепа, а некој го гледа тоа.

-Не е пријатно да стравувате дека може да бидете истепан на училиште. Тоа може да предизвика децата да не сакаат да одат на училиште, да имаат нагони за повраќање. Секој наставник треба да размисли дали со ваквите ученици какви што се денес може да ја работи таа работа. Често наставниците се соочуваат со булинг. Но, насилството не е оправдано. Треба да се поработи со целата паралелка да се убвидат причините и да се дознае вистината и да се види дали кај некои деца има појава на страв и анксиозност, вели Дечкова.

Наставниот кадар треба да се адаптира на поинаквиот став на денешните деца. Образованието е во некои постојани реформи. Ако сите фактори ги земеме предвид вклучително и интернетот, кој е виновен зошто децата покаж вакво поведение?

-Тоа е сложувалка во која сите треба да влеземе за да изведеме добри генерации. Има триаголник родител-наставник-ученик. Родителите не треба да бидат противник на училиштето, ние сме сојузници. Можеби нставниците се незадоволни од реформите, а родителите треба да поработат со децата оти наставникот го има загубено достоинството а децата почитта кон таа професија, вели Дечков.

Стариот наставен кадар може ли да се адаптира на новото време?

-Се трудат. Многу работи во секојдневна комуникација им се далечни. Но неминовно е да мора да се адаптираат на ситуацијата за да произведеме здрави генерации, додава таа.

Целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот