ВИДЕО | Деца во Русија откако запалија свеќи, се обидоа да извршат кражба во црквата

Деца во црква во Севастополе, Крим / Фото: Принтскрин Јутјуб

Две деца запалија свеќи во црквата Свети Архангел Михаил во Севастопол на Крим, а потоа се обидоа да украдат пари од кутија наменета за донации на црквата, пренесуваат локалните медиуми.

На видеото се гледа како децата се приближуваат кон кутијата и се обидуваат да ги земат парите, но откако не успеале да ја отворат кутијата, избегале, пренесува Unian.ua.

Инцидентот е снимен од видео надзорни камери, а реакциите беа различни.

Оние што ги осудија немирите ги обвинија нивните родители, „како не ги воспитале да не почитуваат ништо, дури ни црквата, туку станале деликвенти од најрана возраст“.

Црквата Архангел Михаил во Севастопол е изградена во 2008 година и е една од најубавите градби во тој град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот