ВИДЕО: Деца се вадат од под урнатините во Алепо, Сирија бара помош од ОН, руски војници им помагаат на настраданите

Фото: Твитер

Неверојатни снимки од спасувачки акции се појавуваат од Сирија. Дете е извлечено од под урнатинините од неговиот дом во едно село северно од градот Алепо.

Видео снимка пак од дрон ја покажува ужасната состојба во градот Алепо, каде граѓани со лопати и друг алат се обидуваат да ги извлечат телата од под урнатините.

Сирија денеска ги повика Обединетите нации да помогнат со спасувачки напори, здравствени услуги, засолништа и донации во храна по силниот земјотрес во кој загинаа илјадници лица во Сирија и Турција.

Земјотресот ја погоди област контролирана од сириската Влада и областа контролирана од опозицијата, која е опкружена од владините воени сили и се граничи со Турција.

Сирискиот амбасадор во ОН, Басам Сабаг, изјави дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го уверил дека ОН ќе направат се што е во нивна моќ да и помогнат на Сирија во оваа многу тешка ситуација.

Сабаг изјави дека на генералниот секретар на ОН му го доставил писмото од шефот на сириската дипломатија во кое се бара помошта.

На прашањето на новинарите дали Сирија ќе дозволи ОН да достават помош преку премини од Турција, Сабаг не одговори директно, туку кажа дека владата е подготвена да помогне и да ја координира испораката на помош „на сите Сиријци на целата територија на Сирија. .

Територијата која ја контролираат бунтовниците зависи од протокот на помош од соседна Турција буквално за сè- од храна до медицински материјали.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави снимка над која според објавата руски војници помагаат во спасувачката акција во Алепо, но обезбедуваат и медицинска помош за настраданите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот