ВИДЕО | Деца го украсиле своето куче со налепници: Не е воодушевен

куче
Фото: Принтскрин/ТикТок

Децата секогаш наоѓаат начин да се забавуваат со домашните миленици. Нивната игра може да тргне во погрешна насока ако кучето бескрајно сака деца и ги остава да прават што сакаат со него – како во овој случај.

Често, децата знаат да ги шараат кучињата со најразлични бои до тој степен што нивното крзно е целосно шарено или слично.

Неодамна на „ТикТок“ беше објавено видео на кое се гледа како децата го украсуваат своето куче со налепници.

Сопственикот го снимил кучето кое седи пред огледало, а неговиот поглед кажува сè – не е воодушевен од детската декорација. Видеото е прегледано повеќе од милион пати.

„Кучето се гледа во огледало и си вели: „нема да плачам, нема да плачам“, „Ова куче ќе раскрсти со децата“, „Но, изгледа одлично“, „Моите деца го офарбаа нашиот мачор! Се свртуваше за да продолжат на другата страна… Му се допадна“, „Се надевам лесно ќе се отстранат“, „Погледот вели: Видете што ми направија вашите деца“, се само дел од коментарите.

 

@cactusshark888 Someones pouty 🐶 #dogsoftiktok ♬ Funny Song – Cavendish Music

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот