ВИДЕО: Деби од соништата за Оливеира во дресот на Рома

Португалецот Оливеира во дебитантскиот настап донесе победа за римската „волчица“/Рим, Италија/16 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Денеска во рамките од 22. коло во најсилното италијанско првенство составот на Рома на домашен терен со 1:0 го совлада Каљари.

Играчите на Жозе Мурињо ја прекинаа лошата серија на резултати во Серија А, пред овој дуел на последните три средби имаа два порази и едно реми.

Единствениот гол беше реализиран во 33 минута од мечот на стадионот „Олимпико“ од пенал преку португалскиот интернационалец Оливеира. Ова е инаку негов прв настап за Рома чиј дрес го носи како позајмица од редовите на Порто.

Моментно на табелата во шампионатот римската „волчица“ е на шестото место со 35 бодови, а Каљари после 12 пораз сезонава е во опасната зона за испѓање на 18 место со 16 бодови.

Во истата рунда се одиграа уште два меча, Верона славеше со 2:4 кај Сасуоло, а ремизираа Венеција – Емполи (1:1).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот