ВИДЕО: Дебакл во Брајтон, ова е најлош Јунајтед во историјата на Премиер лигата

„Црвените ѓаволи“ примија дури четири голови во Брајтон/Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Гигантот од „Олд Трафорд“ загуби дури со 4:0 денеска на гостувањето кај Брајтон во својот претпоследен натпревар оваа сезона во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед уште еднаш ги разочара навивачите на клубот, дебакл е можеби благ збор за она што играчите на Ралф Рангник го доживеаја во Брајтон.

Стрелци на головите за домашната екипа беа Каиседо, Кукуреља, Грос и Тросар за вкупно 11 победа и моментно деветто место во генералниот пласман. Од друга страна, после 11 пораз, Јунајтед може да остане и без пласман во Лига Европа.

Шестопласираниот Манчестер јунајтед има шест бодови повеќе од седмопласираниот Вест Хем, но и два натпревари повеќе. Како и да заврши на крајот, ова е најлоша сезона во историјата на Јунајтед.

Никогаш не освоил помалку бодови (може да освои максимум 61), а друг податок вели дека прими 56 голови, најмногу во историјата кога е во прашање елитниот ранг на англискиот фудбал, што е алармантно за еден таков голем клуб. Ова е сезона во која оствари и најмалку победи.

Челси има нови сопственици, Абрамович го продаде лондонскиот клуб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот