ВИДЕО | Даштевски: Македонија е земја во која најбрзо пристигнуваат изборните резултати

Александар Даштевски, претседател на ДИК / Утрински брифинг

Државната изборна комисија  уверува дека има капацитет брзо да реагира при изборни нерегуларности. Секаде каде што ќе се утврди повреда на гласачкото право изборите ќе бидат поништени, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски за Утрински брифинг.

– 320 лица во IT секторот ќе се грижат за техничка поддршка, ангажирана е и странска компанија да интервенира при хакерски напади какви што се случија минатата година, вели Даштевски.

Тој додава дека претстојните избори се рекорд во кандидатските листи, 165 на број.

– Доаѓа ОБСЕ од Литванија и Босна и Херцеговина, а ќе бидат присутни над 1000 надбљудувачи на овие избори, вели тој.

ДИК почнува со силно темпо уште од сега, но главното допрва доаѓа.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот