ВИДЕО: Данска верува во чуда – сонува за повторување на незаборавната бајка од 1992 година!

epa07639695 Denmark's Kasper Dolberg, Christian Eriksen (facing) and Yussuf Poulsen celebrate a goal during the UEFA EURO 2020 qualifying soccer match between Denmark and Georgia in Telia Parken, Copenhagen, Denmark, 10 June 2019. EPA-EFE/Liselotte Sabroe DENMARK OUT

Данска е една од 24 репрезентации кои ќе учествуваат на претстојното Европско првенство во фудбал (11 јуни – 11 јули 2021 година).

Данците дефинитивно имаат квалитет во групата „Б“ да бидат на една од првите две позиции и така се пласираат во следната фаза од натпреварувањето. Белгија е фаворит, па пореално е избраниците на селекторот Каспер Хјулманд да водат битка со Финска и Русија.

Составот на Данска за ЕВРО 2020:

Голмани: Јонас Лосл (Митјиланд), Фредерик Ренов (Шалке), Каспер Шмајхел (Лестер)

Одбрана: Јоаким Андерсен (Фулам), Николај Боиленсен (Копенхаген), Андреас Кристенсен (Челси), Матијас Јоргенсен (Копенхаген), Симон Кјаер (Милан), Јоаким Мехле (Аталанта), Јенс Стригер Ларсен (Удинезе), Јаник Вестергард (Саутемптон).

Среден ред: Андерс Кристијансен (Малме), Томас Дeлејни (Дортмунд), Кристијан Ериксен (Интер), Пјер-Емил Хoјбјерг (Тотенхем), Матијас Јенсен (Брентфорд), Кристијан Нoргард (Брентфорд), Роберт Сков (Хофенхајм), Даниел Вас (Валенсија)

Напад: Мартин Брајтвaјт (Барселона), Андреас Корнелиус (Парма), Микел Дамсгард (Сампдорија), Каспер Долберг (Ница), Андреас Сков Олсен (Болоња), Јусуф Поулсен (Лајпциг), Јонас Винд (Копенхаген)

„Непланирано“ се дојде до златните моменти за данската фудбалска историја. Имено, поради воената состојба во поранешна Југославија, оваа репрезентација беше дисквалификувана од Европското првенство во Шведска 1992 година и беше одлучено Данска да биде замената која заврши на втората позиција во квалификациската група зад Југославија.

Најголемиот успех на еврошампионатите Данска го имаше токму во 1992 година освојувајќи ја титулата, во финалето одржано во шведскиот Гетеборг со 2:0 со головите на Јенсен и Вилфорт триумфираше над Германија. Најинтересните моменти од тој меч можете да ги погледнете ТУКА

Од тој историски успех досега оваа скандинавска селекција нема позначајни резултати на ЕП, во 1996, 2000 и 2012 година го завршуваше настапот во групната фаза, во 2004 година стигна до четвртфиналето, а не успеа да се квалификува на континенталните собири во 2008 и 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот