ВИДЕО | Даниела Мартиновиќ пее додека патува со својот бенд: Овој пат во спомен на Оливер Драгојевиќ

Даниела Мартиновиќ
Фото: Instagram

Пејачката Даниела Мартиновиќ патува на нов концерт, а по пат заедно со својот бенд одлучи да отпее песна во спомен на Оливер Драгојевиќ.

Даниела се вози на совозачкото седиште додека музичарот Зоран Мишолонгин седи на задното седиште со гитара и ја следи Даниела изведувајќи ја песната „Романса“.


„За душа“, напиша Даниела под објавата на видеото.

Видеото пејачката го објави на својот инстаграм – профил, а го проследија повеќе од 13.000 следбеници.

„Пеење во автомобил. Така патувам со моите момци, а Оливер е идеален за секоја пригода. Пејте со нас. За душа, „во еден глас“, напиша Даниела на социјалните мрежи и ги воодушеви своите фанови.


Даниела неодамна го прослави својот 50 -ти роденден и сподели со своите фанови на социјалните мрежи дека планира да го слави цела година.

ФОТО | Во друштво на прекрасни дами: Даниела Мартиновиќ го прослави својот 50-ти роденден без Петар Грашо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот