ВИДЕО | Даниел Пешов, „Work and Travel“: Работeте во странство, но не ја напуштајте Македонија засекогаш

Во потрага по подобра заработувачка и услови за живот, се повеќе македонски граѓани ја напуштаат државата, а со такви мисли се и младите кои остануваат.
Бројката на отселени млади од земјава е застрашувачка, очигледно е дека парите за нив не се единствената причина за да одат во една земја членка на ЕУ и таму да работат, тие дополнително сакаат и да се едуцираат, да работат во поорганизирана средина, а дел од нив гледаат шанса да се преселат и да останат таму да живеат.
За стратегијата на државата во поглед на вработеноста и отселувањето на младите, за „Утрински печат“ разговаравме со Даниел Пешов од „Work and Travel“.
– Светскиот тренд на емиграција заради економски причини не е новост во нашето општество. Сепак, факт е дека нашите институции често преземаат контраполитики заради кои го интензивираат процесот на иселување на граѓаните од година во година. Конкретно, нашата програма предвидува обука во рок на три месеци, а потоа студентите се враќаат во Македонија со веќе стекнато искуство и знаење, кое подоцна го применуваат во текот на нивниот професионален развој – изјави Пешов.
Според него, „Work and Travel“ програмите се наменети за културна и образовна размена на студенти, кои патуваат во САД, Хрватска и Германија.
– Студентите за време на семестралниот распуст имаат можност за работа во странство, оосбено во автомобилската и логистичката индустрија, во познати реномирани компании, кои се водечки во светот во овој сектор. Иако почетната плата во нашата држава е 300 евра, сепак, работодавците квалитетот можат брзо да го препознаат, а и често го центат. Тоа значи дека младите брзо можат да прогресираат на своите работни места. Ова е најдобрата шанса на секој редовен студент да замине во некоја држава, да работи легално, да си ги покрие трошоците за програмата и да се врати со заштеда и ново искуство, истакна Пешов.
Целото интервју со Даниел Пешов можете да го проследите на следното видео: