Дамијано Давид / Фото: Инстаграм/Дамијано Давид

ВИДЕО | Дамијано Давид ги згрози сите: Плукаше во публиката и го допираше меѓуножјето

Пејачот Дамијано Давид (24), познат како главен вокал на италијанската група „Манескин“, на концерт ги згрозил своите обожаватели.

На социјалните мрежи се прошири видео на кое Дамијано го допира половиот орган пред публиката, а во еден момент тој плука вода во посетителите на концертот. Многумина на социјалните мрежи коментираа дека неговото однесување е сосема непримерно и дека не можат веќе да го препознаат пејачот, кој ги освои по победата на Евровизија.

„О, мајко, одвратно“, „Бедно“, „Колку е здодевен“, напишаа некои, додека други застанаа на страната на пејачот.

Дамијано и бендот „Манескин“ станаа познати по нивниот настап и победа на Евровизија 2021 година. Со нивната песна „Zitti E Buoni“ победија и станаа еден од најпознатите бендови во светот. Нивната популарност продолжува и денес, нивните концерти се распродадени, а нивните песни ги слушаат милиони ширум светот.

Дамијано Давид / Фото: Инстаграм/Дамијано Давид

Меѓу другото, Давид пред неколку месеци ги загрижи обожавателите со својот изглед на фотографиите што ги објави на Инстаграм. Видно ослабен, со сосема кратка коса и чуден поглед, пејачот речиси не личи на себе.

ФОТО+ВИДЕО | Рок венчавка: Членовите на „Манескин“ направија свадба во Рим

ФОТО+ВИДЕО | Рок венчавка: Членовите на „Манескин“ направија свадба во Рим

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот