ВИДЕО | Дамчевска: Прашање е колку се исплати зелената енергија, малите хидроцентрали на Анѓушев и Мицкоски се во загуба

Весна Дамчевска, Слободен печат / Утрински брифинг
Весна Дамчевска, Слободен печат / Утрински брифинг

Како се најдовме во оваа енергетска ситуација и како ќе се извлечеме е темата со која се занимаваме во Утрински брифинг, а денеска ја коментираше колешката од Слободен печат, Весна Дамчевска.

-Статистика мери колку ни е нето увозот оти и извезуваме струја. Ние имаме енергетска зависност од 67 отсто. Зошто? РЕК Битола е со лимитиран капацитет. Лигнитот што се користи е со лош квалитет. Некои копови на лигнит се отворија како што е Гнеотино, но тоа е премалку. Ни идејата за лигнит од Грција повеќе не се споменува, а не е изведена ни пругата. Гасот е на 8 километри од ТЕЦ Неготино и штета е да не се направи пристап, вели Весна Дамчевска, новинарка на Слободен печат за Утрински брифинг.

Таа вели дека не се инвестира доволно во енергетиката. Најголема државна инвестиција е ХЕЦ Козјак, а ТЕ-ТО е приватна инвестиција.

-Оваа влада направи чекори за алтернативна енергија, но таа енергија не може да се зачува ако нема вода или нема сонце. Во светот веќе се зборува дека можеби се избрза со таа зелена енергија, па дури и има протести за враќање на старите начини како што е нуклеарната енергија, вели Дамчевска.

Државниот завод за ревизија вчера објави дека не се прибрани значителни суми од малите хидроцентрали.

-Во извештајот има една хаотична ситуација. Се анализира периодот од 2011 година, ги има 96 кои произведуваат со повластени тарифи и дел немаат платено за воден надоместок под образложение дека никој не им кажал дека треба да платат. Сумата е околу 300-400 илјади евра, што не е многу за енергетиката но говори за не водење сметка и не водење евиденција. Оти нема ни документи за заштита на животната средина што е многу битно, вели Дамчевска.

Владата треба да направи истражување колкав е придонесот од овие мали хидроцентрали. Тие се субвенционирани со 41 милион евра, а учествуваат со само 4 отсто во производството на енергија.

-Голем дел од хидроцентралите се во загуба. На Кочо Анѓушев и Христијан Мицковски хидроцентралите се во загуба. Еден мегават чини 1 милион евра. Значи тие треба 10 години да ја исплатуваат инвестицијата за да можат потоа да делат приход по пола, вели Дамчевска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот