ВИДЕО | Дали знaете кое е најстарото животно на светот? Ова е приказната за 189 годишниот Џонатан

Во 1832 година, желката Џонатан била едно младенче за кое не се верувало дека еден ден ќе биде најстарото животно на светот. Тогаш светот бил поразличен од она што го знаеме денес, сијалица допрва треба да се измисли, а никој не ни помислувал дека ќе треба да чека уште половина век до првиот автомобил.
Сепак, Џонатан, огромна желка од Сејшелите, доживеала да го види сето тоа. Стара е околу 189 години и во моментов е најстарото познато животно во светот, пренесува „Тhe Dodo“ (www.thedodo.com).
Џонатан живее на островот „Света Елена“ во Јужен Атлантик, каде што е сместен од доцните 1880-ти.
Тина Луси, е една од неговите главни негувателки. Џонатан живее на бујниот терен во вилата на историскиот гувернер, каде што Луси и уште неколку други негуватели го посетуваат во текот на неделата и му носат свеж зеленчук.
– Џонатан е икона тука. Тој е стар господин што видел сè. На „Света Елена“ пристигнал во далечната 1882 година, како возрасна желка. Видел генерации луѓе како доаѓаат и си одат, вели Луси.