ВИДЕО: Дали солзите на Серена најавуваат крај на кариерата: Не знам…

принтскрин јутјуб

39-годишната американска тенисерка во ловот по израмнувањето на рекордот на Маргарет Корт од 24 грен слем титули во поединечна конкуренција, беше запрена во полуфиналето на Австралија Опен од Наоми Осака.
По поразот, Серена Вилијамс не го напушти веднаш теренот, се задржа подолго од вообичаеното, ја поздравуваше публиката и три пати се поклони пред трибините на „Род Лејвер“ Арената по што замина во соблекувалната.

Потоа Американката на прес конференцијата доби прашање дали тоа беше нејзин посебен поздрав и дали ова и беше последен настап на Австралија Опен во кариерата. Вилијамс не одговори директно и се обиде да го избегне прашањето, но потоа ја совладаа емоциите.

– Доколку некогаш се простам, нема да кажам на никого – изјави во солзи Серена Вилијамс.
По ова следеше прашање за лошо одиграниот меч против Наоми Осака:
– Не знам, готова сум тука – одговори Серена.

Според медиумите, солзите на Серена Вилијамс ќе ги зголемат шпекулациите дека 39-годишната Американка ја игра последната сезона во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот