ВИДЕО | Дали полицијата ќе затропа и на оваа врата: Тетовци му помагаат на детенце да пука од пиштол

Социјалната мрежа ТикТок изгледа и отвора полни раце работа на полицијата овие денови откако корисници од Македонија се фалат како прават прекршоци по кои потоа постапуваат органите на прогонот.

Најново во низата е видеото од малечко дете (2-3 години н.з.) како со помош на двајца возрасни мажи пука од пиштол, кое пак е постирано од профилот на извесен Агрон Џафери (agronxhaferi1).

.

Бидејќи корисникот кратко по објавата ги тргна сите три видеа од настанот, судејќи според останатите може да се забележи дека станува збор за жител на Тетово, на пример, според покажаниот автомобил со тетовски регистарски ознаки.

Постапувајќи само по трагите на ова видео, освен очигледните кривични дела, полицијата може да открие и дали овој зачаден пиштол е легален.

Еве досега кои познати лица од Тик Ток ги препозна и казни полицијата:

Идентификувано момчето кое пукаше со калашников на „ТикТок“ (ВИДЕО)

ФОТО: Полицијата го пронајде возачот кој со „Бентли“ влета на скопскиот плоштад и го казни со 45 евра

Според Кривичен законик дивеењето со возила на плоштад не е кривично дело освен ако нема повредени

Шилегов: Казна од 70 евра за „Тик ток“ фраерот што возеше по велосипедска патека

Полицијата го уапси малолетникот што палеше шума и се снимаше на Тик Ток 

Снимка од брутален напад на момче објавена на „Тик Ток“ (ВИДЕО)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот