ВИДЕО | „Дали пејачот знаел нешто?“: Стара снимка на која Боно го одбива бакнежот на Диди стана вирална

Фото: Скриншот/Икс

По апсењето на музичкиот магнат Шон „Диди“ Комбс, кој е обвинет за силување, трговија со луѓе и рекетирање, старите снимки на раперот добија сосема ново значење. Корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат снимка од доделувањето на наградите Златен глобус во 2014 година, на која пејачот Боно одбива да биде бакнат од раперот.

Диди, Ашер и Кејт Бекинсејл излегоа на сцената за да ѝ ја доделат наградата за најдобра оригинална песна на музичката група „Ју ту“, за нивната нумера „Ordinary Love“ од филмот „Мендела: долгиот пат до слободата“ („Mandela: Long Walk to Freedom“).

Пејачот Боно изгледаше среќно додека Ашер му ја доделуваше наградата, а Диди истрча меѓу нив и го прегрна за да му честита. Боно кратко го прегрна Комбс, но потоа ја сврте главата за да ја погледне публиката, додека раперот се обидуваше да му го бакне образот. Насмевката на Диди исчезна од неговото лице, а потоа излезе од сцената со Кејт Бекинсејл. И покрај непријатната интеракција, Диди и Боно беа видени како се дружат на забава подоцна истата вечер.

„Дали се обиде да го бакне Боно и тој го одби? Незгодно.“, „Тој момент беше непријатен – познатите личности ги имаат некои од најнеочекуваните средби“, „Што знаеше Боно?“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.


Да потсетиме, раперот беше уапсен од федерални агенти во Њујорк и обвинет по три точки, во кои се наведува дека сексуално злоставувал жени и ги терал да учествуваат во секс забави и да користат дрога, користејќи закани и насилство.

Диди е во истражен притвор, а судијата трипати го одби да биде пуштен.

Против него планираат да поднесат тужба 120 лица, од кои 25 лица биле малолетни во моментот на инцидентите кои ги предизвикуваат тужбите. Едно лице имало 9 години кога се случила наводната злоупотреба. Вкупно 3.280 лица кои тврдат дека раперот ги малтретирал, контактирале со адвокатот кој ќе ги застапува овие лица.  За 24 часа излегоа дури 12 илјади наводни жртви и сведоци.

Подемот и падот на Шон Комбс: Одбиена кауцијата од 50 милиони долари, останува во притвор, а му се заканува доживотна робија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот