ВИДЕО: Дали ова е знак дека Меси и следната сезона ќе игра за ПСЖ?

фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Доста шпекулации се вртат околу иднината на Лионел Меси кој веќе втора година по ред не успеа со ПСЖ да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Францускиот шампион го промовираше домашниот дрес за новата 2023/2024 сезона, а во видео записот се наоѓа и аргентинската ѕвезда.

Странските медиуми со денови објавуваат дека Меси нема да го продолжи договорот со париските „светци“. Важечкиот истекува следниот месец на 30 јуни.

Излегоа гласини дека неговиот поранешен клуб Барселона посакува да го врати во своите редови, а такво нешто не би имал против ни сегашниот тренер на каталонскиот клуб, Чави.

Во промотивното видео е и Бразилецот Нејмар кој наводно се поврзува со трансфер во Манчестер сити.

Се очекува во Париз да остане и Килијан Мбапе, а по завршувањето на следната сезона, во 2024 година се најавува дека Реал Мадрид ќе тргне со сите сили да ги обезбеди услугите на францускиот репрезентативец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот