ВИДЕО | Дали новите мерки ќе доведат до отпуштања од работа, разговор со Цветковски од ССМ

Златко Цветковски, ССМ
Златко Цветковски, ССМ / Утрински брифинг

Од Сојузот на синдикати на Македонија вчера по најавите за новите мерки реагираа дека вакцинацијата треба да биде лична определба и дека не треба да се врши присилба и уцени врз работниците. Процесот на имунизација сметаат не смее да се спроведува на штета на елементарните права на граѓаните гарантирани со Уставот, меѓународните конвенции и закони и против волјата на поединецот. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со секретарот при Сојузот на синдикати Златко Цветковски.

-Ние не сметаме дека вакцинирањето е нешто лошо, туку апериме сите граѓани да е вакцинираат, -Но ние реагиравме на начинот на кој што тоа треба да се стимулираме, односно мерки кои би паднале на грбот на работникот. Со ваквите мерки, со задолжителност за тестирање на сметка на работникот се доведуваат во прашање препораките од Собранието на Советотот на Европа за недискриминација по основ на вакцинираност и недозволивост за било каков притисок за оние што не сакаат да се вакцинираат.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот