ВИДЕО: Дали е можно? Направен пенал по само пет секунди игра

Само што почна натпреварот Танзанија - Мадагаскар главниот судија веднаш покажа на белата точка/Фото: EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Во натпреварот од групата Ј од африканската квалификациска зона за пласман на Светското првенство 2022 година во Катар помеѓу Танзанија и Мадагаскар, беше досуден веројатно најбрзиот пенал во историјата на меѓународните натпревари.

Судијата Машуд Сали покажа белата точка за домашниот тим после само пет секунди игра од мечот.

Една долга топка од центарот, голманот на гостите Мелвин Адриен несмасно налета на домашниот напаѓач Симон Мсуву, па Танзанија доби одлична можност за водство, што ја искористи капитенот Ерасто Ниони.

На крајот Танзанија победи со 3:2 и така се искачи на врвот на табелата со четири бода, колку што има и второпласираниот Бенин.Мадагаскар е последен без бодови, а во групата е и ДР Конго, кој има два бода.

Нема официјална статистика за најбрзите удари од пенал на репрезентативните натпревари, но најбрзиот досега познат пенал се случи на пријателскиот натпревар помеѓу Црна Гора и Гана во Подгорица во 2014 година, кога домаќинот доби пенал по 10 секунди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот